Данска ќе стане првата европска земја што ќе администрира четврта доза од вакцината на своите граѓани со висок ризик, додека владата се подготвува да ги намали ограничувањата за пандемијата.
Одлуката е донесена и покрај тоа што Европската агенција за лекови предупредува дека нема доволно податоци за да се знае дали четвртата доза од вакцината ќе помогне.
„Сега започнуваме ново поглавје, одлуката да ја дадеме четвртата вакцина на најранливите граѓани. Колку е пораспространета инфекцијата во заедницата, толку е поголем ризикот“, им рече на новинарите министерот за здравство Магнус Хеунике.
Дополнителната доза на вакцина ќе биде достапна почнувајќи од оваа недела за лицата со веќе постоечки сериозни здравствени проблеми кои ја примиле првата бустер вакцина минатата есен.
Владата размислува и за уште една доза за постарите граѓани и жителите згрижени во старските домови, но се уште не е донесена таквата одлука.
Израел беше меѓу првите земји кои започнаа со аплицирање на четврта доза од вакцина против Ковид-19, а на почетокот на оваа недела овој пример го следеше и Чиле.
Додека Унгарија размислуваше дали да го стори истото, експертите во Австрија препорачаа четврта доза, и покрај скептицизмот на Европската агенција за лекови (ЕМА).