Вести Свет

САД воведоа санкции на руска компанија поради севернокорејските ракети

Американското Министерство за финансии санкционираше шест Севернокорејци и една руска компанија поради „пролиферација на оружје за масовно уништување“.

Вашингтон ја објави листата на санкции опишувајќи ја одлуката како дел од „тековните напори за спротивставување на програмите за оружје за масовно уништување и балистички ракети на Северна Кореја“.

Заменик-секретарот за тероризам и финансиско разузнавање Брајан Нелсон рече дека Северна Кореја продолжува да ги користи своите претставници во странство за нелегално набавување на оружје.

„Неодамнешните ракетни тестови на Северна Кореја се дополнителен доказ дека таа продолжува да развива забранети програми и покрај меѓународните повици за дипломатија и денуклеаризација“, рече Нелсон.

Имињата на санкционираните Севернокорејци се Чое Мионг Хјон, Сим Кванг Сок, Ким Сонг Хун, Канг Чол Хак и Пјон Кванг Чол.

Московската компанија Парсек ДОО е санкционирана за „активности или трансакции кои материјално придонесуваат за ширење на оружје за масовно уништување или средства за дистрибуција од страна на Северна Кореја.

Администрацијата на САД изјави дека санкционираните Севернокорејци се обвинети за давање или обид за обезбедување услуги на администрацијата на Пјонгјанг во врска со ракетната програма, обезбедување софтверски услуги, снабдување хемикалии, финансиски придонес во ширењето на оружје за масовно уништување.

Како резултат на денешната одлука за санкции, целиот имот на Севернокорејците во САД беше замрзнат.

Северна Кореја ги потврди тврдењата за тестирање на хиперсонична ракета и објави дека целта на оддалеченост од илјада километри била успешно погодена со проектилот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе