Алиев упати остри пораки до администрацијата на Ереван, чии напади во последно време се зачестија.
„Можеби мислат дека нивните можности се зголемени или можат да добијат поддршка од каде и да се, но не треба да заборават дека без разлика кој ќе им помогне, како во Втората карабашка војна, ние ќе го добиеме она што го сакаме и никој не може да не спречи“ – изјави Алиев.
Илхам Алиев се осврна и на напорите за нормализација во регионот и изјави дека првата средба во форматот 3+3 била како средба за запознавање, а од втората средба очекуваат да се преговара за комуникации и врски.
Претседателот Алиев, истакна дека администрацијата на Ереван треба да се откаже од своите неосновани тврдења за да има корист од оваа соработка.
„Јасно е дека сите земји ќе имаат корист овде. Само Ерменија треба да се откаже од својот антиазербејџански, антитурски и антиисламски став. Тогаш, се разбира, и Ерменија може да има корист од оваа соработка“ – подвлече Алиев.