Вести Ковид19 Свет

Фајзер ќе отпушта стотици вработени и покрај рекордниот профит од 80 милијарди долари минатата година

Фармацевтската компанија Фајзер објави дека намалува дел од својот оддел за продажба во САД, и покрај рекордните приходи од продажба од над 80 милијарди во 2021 година.

Според компанијата, лекарите и другите здравствени работници веројатно ќе сакаат помалку личен контакт со фармацевтските трговци по завршувањето на пандемијата, а состаноците ќе бидат повеќе на интернет.

Фајзер проценува дека половина од состаноците ќе се одржуваат на далечина. Компанијата не прецизира колку работни места ќе затвори.

Се претпоставува дека Фајзер ќе отпушти неколку стотици луѓе. Фармацевтската компанија годинава очекува уште поголеми приходи, до 100 милијарди долари.

Речиси половина од нив треба да бидат од продажбата на вакцината против Ковид-19 и новиот лек за лекување на тој вирус.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе