Вести Македонија Најважни

Димитров: Не му верувам на Османи за прашањето за Бугарија

Никола Димитров нема доверба во шефот на дипломатијата Бујар Османи за преговорите со Бугарија, „за да ме замолчат ми нудеа амбасадорска позиција во САД“

Големо несогласување и тешки расправии имало во владата за преговорите со Бугарија, истакна денеска на заминување вицепремиерот за евро-интеграции Никола Димитров кој најави дека и во иднина ќе биде пречка за лош договор со Бугарија.

Димитров тврди дека во владата биле подготвени на концесија со Бугарија за прашања кои веќе се затворени без никаква контра отстапка, јавува новинарката на Телма Тамара Грнчаровска.

-Да, немам целосна доверба во министерот за надворешни работи во однос на прашањето со Бугарија, со оглед на моето искуство на интерните координации, средбите во Брисел. Имам чувство дека таму има ‘драјв’ за успех по секоја цена, што мислам дека е опасен и не продуктивен. Можеби грешам и се надевам дека грешам, одговори Никола Димитров, на новинарско прашање.

Според Димитров, министерот Османи сакал успех по секоја цена да се реши прашањето со Бугарија. Димитров додаде: „Прашањето е поважно од Владата, од оваа, од следната, од сите“.

Тој истакна и дека неговите ставови околу преговорите со Бугарија, кои како што вели, во многу наврати биле спротивни на неговите владини колеги, биле причина зошто тој не се најде во новиот владин состав.

Посочи дека македонскиот јазик е интимна работа и е наш, а државата е независна, па затоа, право и должност е достоинството да се зачува.

Димитров вели дека не се повлекол сам од функцијата и оти тоа што нема да биде дел од новата влада е резултат на неговите позиции во однос на прашањето со Бугарија.

Нагласува дека нечиј интерес и во земјата и надвор од неа е тој да не биде дел од владата, но и да не биде дома, поради што, како што истакна, добил понуда за амбасадорско место.

Дополнително, Димитров обвинува дека партијата на власт, му понудила да замине како амбасадор на Северна Македонија во Вашингтон, или да избере каде сака, само, како што оцени, за да го замолчат.

Договорот од Преспа со Грција е историски успех на кој сум посебно горд бидејќи тој ни ги отвори вратите на НАТО. Сликата за нас во светот е светлина на надеж на Балканот, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања во заминување, Никола Димитров.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе