Вести Ковид19 Свет

Србија и натаму со над 10.000 заразени од коронавирус, денеска 12.877

Според официјалната веб-страница на Министерството за здравство на Србија, во последните 24 часа 12.877 лица биле позитивни на коронавирус од тестирани 33.195 лица, 26 лица починале, со што вкупниот број на починати од Ковид-19 е 12.984 лица, јави дописникот на МИА од Белград.

Во Србија, вчера за прв пат од почетокот на епидемијата регистриран е петцифрен број новозаразени со коронавирус – 13.693, од 37.402 тестирани примероци.

Коронавирусот експлодираше, порачуваат епидемиолозите во Србија. Во Белград повеќе од осум илјади луѓе дневно се прегледуваат во ковид амбулантите, а во аптеките во последните седум дена распродадени се брзите антигенски тестови наменети за домашна употреба.

Вирусологот Миланко Шеклер денеска изјави дека има многу повеќе новозаразени, можеби двојно повеќе отколку што деновиве покажуваат бројките, наведувајќи дека доминира омикрон сојот на коронавирус.

  • Фактот што вчера имаше близу 14.000 новозаразени, не ми значи многу. Со денови луѓето чекаат на ниски температури во редици но не се тестирани сите, затоа што се откажуваат или ги враќаат за некој друг ден. Тоа се оние денови кога имаше 8.000-9.000 новозаразени, па сигурен сум дека оваа бројка од десет илјади е барем двојно поголема, можеби и од оваа од 15.000, изјави Шеклер за ТВ Пинк.

Од 3 до 9 јануари повеќе од половина од тестираните студенти во Студентската поликлиника во Белград имале позитивен наод или од 600 тестирани, дури 340 студенти биле позитивни.

Поради крајно неповолната епидемиолошка состојба, претходно најавената организирана прослава на српската Нова година (Василица) во повеќе градови е откажана.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе