Вести Македонија

Реакции по обвинувањата на Никола Димитров

Мандатарот Димитар Ковачевски за Телма вели дека настапот на Димитров произлегува од неговото незадоволство затоа што не е дел од новата Влада.

 „Мојот впечаток е дека станува збор за изразено лично незадоволство поради завршување на неговото учество во Владата. Тоа што го кажува воопшто не е точно. Имаме јасни државни позиции во однос на разговорите со Бугарија, имаме усвоена Резолуција во Собранието, поддржана од сите партии. Димитров лично бил дел од градењето на истите тие позиции. Македонскиот јазик и македонски идентитет не биле, не се, и нема да бидат тема на разговор. Дали господинот Димитров е против овие изградени држави позици во однос на разговорите со Бугарија и во кој дел треба да каже самиот“, изјави мандатарот Димитар Ковачевски. 

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека неговите лични,  и позиции како министер соодветствуваат на државните позиции и ги повика колегите на доблест и фер однос на едни кон други. Османи во пишаната ракција го објаснува процесот на носење одлуки по прашањето со Бугарија при што наведува дека тоа вклучува инволвирање на цели тимови, како во МНР, така и на владата.

„На крајот, и моите лични позиции, како Министер за надворешни работи и како човек апсолутно соодветствуваат со државните позиции кои како Влада активно ги застапуваме… Ги повикувам јавно сите колеги, сегашни и поранешни, да покажеме доблест и фер однос едни кон други, да го задржиме нивото и довербата кои долги години и меѓусебно ги градевме, и да им ја обезбедиме европската иднина на граѓаните која предолго само им ја ветуваме“, вели Бујар Османи, Министер за надворешни работи.

Вицепремиерот Никола Димитров доколку се соочувал со проблеми при извршувањето на функциите тоа требало да каже го порано, а не сега кога повеќе не е дел од новата Влада. Од кабинетот на Премиерот во оставка, Зоран Заев, велат дека македонските позиции кои се целосно на линија на португалскиот предлог кој е усвоен и на словенечкото претседателство и кои се во согласност со резолуцијата која е усвоена во Собранието, се изградени низ сеопфатен консултативен процес и работни состаноци во кои Димитров имал активна и суштинска улога.

„Со македонските позиции во овие преговори се согласи и Никола Димитров, впрочем тој имаше сериозен удел во создавањето на тие наши позиции, низ процесот кој го водеше министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Доколку Димитров е против што било од позициите кои сме ги изградиле заедно, чесно е заради народот да го каже тоа и да објасни зошто, бидејќи во спротивно останува само впечатокот дека неговото неучество во идната влада е причина за ваквите неточни и шпекулативни јавни манифестации, со цел, однапред да се става товар на недоверба во владата“, се вели во соопштението од Кабинетот на премиерот во оставка Зоран Заев.

Вицепремиерот во оставка Љупчо Николовски не верува дека изјавата на Димитров ќе предизвика какви било проблеми пред гласањето на Владата.

ВМРО-ДПМНЕ му упати порака на  Димитров да не глуми генерал после војна и дека „наводно“ бил жртва на Бугарија. Опозициската партија е убедена дека тој е жртва на својата неспособност и распродавањето и поигрувањето со државните интереси.

„Димитров е кариерист кој ги заплетка и комплицираше односите со сите наши соседи и го поларизираше општеството.Задоцнета е грижата на кариеристот Димитров за националните и државни интереси бидејќи беше првиот кој ги продаваше кога СДСМ беше во налет и цврста власт, и целосно ги игнорираше предупредувањата на ВМРО-ДПМНЕ. Сега неговата грижа освен што е лажна и лично мотивирана таа е и задоцнета“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Јулијана Пешевска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе