Вести Македонија

Камион се преврте на терминалот кај Деве Баир, колона товарни возила со часови заглавена на ГП Ѓуешево

Камион со турски регистарски ознаки вечерва се превртел на терминалот кај Деве Баир, поради неисчистен снег. Причинета е материјална штета.

Превозници од повеќе држави, возачи на шлепери, повеќе од пет часа стојат заглавени во колона пред граничниот премин Ѓуешево, кај границата помеѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија.

Како што изјавуваат превозниците, во повеќеметарската колона од бугарската страна на границата се наоѓаат превозници од повеќе држави, С. Македонија, Турција, Романија, Србија, а застојот се прави поради неисчистениот терминал на Деве Баир, на нашиот граничен премин.

  • Секоја година наидуваме на истиот проблем, неколку години по ред и првиот снег е веднаш пречка за непречено одвивање на сообраќајот. Снегот не е повеќе од десет сантиметри, но проблемот е што нема никој што го чисти терминалот, па преминување преку него е потешкотија и веќе шести час сме тука, премрзнати во колона, изјави еден од превозниците.

Апелираат надлежните конечно да се вклучат во решавање на проблемот бидејќи, како што посочуваат, се ограничени со работни часови коишто можат да ги поминат возејќи.

Патничките моторни возила што минуваат на терминалот од С.Македонија кон Бугарија се движат непречено.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе