Ковид19 Македонија Топ вести

Нови 246 позитивни на КОВИД-19, оздравени 547 и три починати лица

Во изминатите 24 часа регистрирани се 246 нови лабораториски позитивни случаи на КОВИД-19, со што бројот на активни случаи изнесува 4.828, а оздравени се 547 пациенти и пријавени се три починати лица, информираат од Министерството за здравство.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 4.072 тестирања, а регистрирани се 246 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје – 145, Струмица – 16, Прилеп – 14, Штип, Охрид и Битола – по 12, Кавадарци – 10, Неготино – 4, Струга, Гевгелија и Куманово – по 3, Велес и Ресен – по 2, Кичево, Гостивар, Валандово, Радовиш, Тетово, Демир Хисар, Кратово и Македонски Брод – по еден.

Регистрирани сe 547 оздравени пациенти од кои во: Скопје – 299, Битола – 47, Прилеп – 39, Струмица – 19, Кавадарци и Охрид  – по 18, Куманово и Велес – по 15, Штип – 12, Ресен – 8, Кочани и Гевгелија – по 7, Свети Николе – 6, Кичево, Струга, Неготино, Крива Паланка и Демир Хисар – по 5, Делчево – 4, Тетово и Валандово – по 3, Богданци и Дојран – по еден.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се три починати лица:  2 починати лица од Скопје (63г  и 86г), и едно починато лице од Струмица (53г). Пријавените лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се три починати лица, по едно лице од Скопје (86г), Тетово (78г) и од Кичево (68г). Од пријавените лица, 2 од нив се починати во болнички, а едно лице во домашни услови.

Направени се 4.072 тестови и тоа преку: ИЈЗ-93, ЦЈЗ Скопје-54, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово-67, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–162, Жан Митрев (Филип Втори)-128, Авицена-0, Биотек-0, Систина-74, лабораторија Лаор-425, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност-57, Генеа-0, Никоб лаб-509, ВФВ Медикал-199, Ели Медика-56, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-1, Рапид Лаб–2, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.245.

Досега во земјата се направени вкупно 1.608.232 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 225.730, бројот на оздравени пациенти е 212.927, на починати е 7.975, а бројот на активни случаи изнесува 4.828.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Да не му тропнат истражители на врата на Али Ахмети, со Таравари ќе пие кафе за разделба, Мицкоски со пораки за двајцата партиски лидери од спротивната страна на власта

Дејан Дејан

Во сообраќајни несреќи најмногу гинат пешаците, покажуваат извештаите на МВР

Дејан Дејан

Во кочанската болница на рехабилитација се трисетина млади луѓе, кои имаат повреди од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе