Во Англија од последниот пресек се регистрирани 162.572 нови случаи на коронавирус, што е највисок дневен биланс од почетокот на пандемијата.
Претходниот рекорд беше поставен во петокот, кога беа регистрирани 160.276 новозаразени лица.
Бројот на заразени во Англија е во пораст петти ден по ред, пишува „Гардијан“.
Во изминатите 24 часа од Ковид-19 починале 154 лица.
Бројките за Велс, Шкотска и Северна Ирска ќе бидат објавени по новогодишните празници.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.