Вести Македонија Топ вести

Заев смета дека по него би било понеизвесно да се најде решение со Бугарија

Стабилно и зголемено мнозинство кое ќе работи на решенија за предизвиците, како што се почетокот на преговорите за членство во ЕУ и  решавање на проблемот со Бугарија е пораката која ја упати премиерот Заев до Европската Унија и Бугарија. Според Заев, средината на јануари е можност Македонија да ги почне преговорите со ЕУ, но доколку не се случи до тогаш, тешко дека би се случило во текот на наредната година.

На ЕУ и Бугарија треба да им е јасно дека без мене неизвесноста е поголема.

Демократските реформи дома се уште еден чекор за исполнување на еден од условите за почетокот на пристапните преговори, смета Димитров.

Нашиот, македонскиот случај во европски контекст е лакмусот од кој што регионот ќе прочита дали Европската Унија е сериозна кога зборува за европска иднина на Западниот Балкан. И поради тоа што многу долго чекавме, ама не само заради тоа, туку и поради тоа што многу направивме и тоа не само за решавање на билатерални прашања, туку и со демократските реформи дома.

Словенечкиот вицепремиер Здравко Почивалшек кој денеска е во Македонија ја потврди безрезервната поддршка што Словенија и ја дава на Македонија за добивање на датум за преговори со ЕУ.

На самиот на ЕУ кој се одржа во Брдо успеавме проширувањето на ЕУ да влезе во Декларација. Словенечките барања беа да се внесат и конкретни датуми. Ќе направиме се, уште во текот на словенечкото претседателство да се решат проблемите, но се надеваме дека ќе најдете решение со соседите. Словенија безрезервно ја поддржува Република Северна Македонија за почеток на преговори со ЕУ.

Новиот министер за надворешни работи на Бугарија и идниот бугарски премиер Кирил Петков  смета дека е потребно  да се формираат работни групи меѓу Бугарија и Северна Македонија кои ќе опфатат различни области. Според Петков, овие работни групи треба да бидат слични на оние во преговорите меѓу идните коалициски партнери во Бугарија, а темата за историјата,  ќе стане една од темите на разговор, но нема да биде единствена.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе