Вести Свет

ЕК повлече нацрт-документот по реакцијата од Ватикан дека „се поништува Божик“

Европска комисија вчера го повлече интерниот документ со насоки, со кој се предлагаше изразот „божиќен период“ да се замени со „празничен период“ по бунтот на конзервативците и Ватикан, кои го нарекоа документот обид „да се поништат“ христијанските корени на Европа.

Европската комесарка за еднаквост Хелена Дали изјави дека намерата на нацрт-документот е да се нагласи различноста во Европа и да се покаже „инклузивната природа на ЕК“.

Но, таа додаде дека документот не ги исполнува стандардите на ЕК и не го постигнал замисленото.

– Очигледно е потребно уште да се работи на насоките, истакна Дали.

Италијанските конзервативци огорчени поради документот истакнаа дека со документот се „поништува Божик“.

Државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин објави видео со критики на порталот „Ватикан њуз“.

Паролин ги пофали напорите за искоренување на дискриминацијата во ЕУ, но наведе дека таквите иницијативи не може да вклучуваат „поништување на нашите корени, христијанската димензија на нашата Европа, особено кога станува збор за христијанските фестивали“.

– Секако дека знаеме дека Европа своето постоење и својот идентитет го должи на многу влијанија, но секако не можеме да заборавиме дека едно од главните влијанија, ако не и главното, е христијанството, посочи Паролин.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе