Вести Свет

Притвор за турскиот опозиционер Гурџан до почетокот на судењето за „политичка и воена шпионажа“

Турски суд му одреди притвор пред судењето на основачот на турската опозициска Партија за демократија и напредок (ДЕВА), Метин Гурџан, поради „политичка и воена шпионажа“, јави турската новинска агенција Анадолија.

Гурџан е пензиониран офицер на турските вооружени сили, воен аналитичар заслужен за основањето на ДЕВА заедно со Али Бабаџан, поранешен вицепремиер и министер.

Бабаџан во телевизиско интервју наведе дека неговата партија го поддржува Гурџан и дека партиските адвокати ќе го бранат „до крај“.

– Неговата работа се заснова на отворени извори. Тој нема пристап до државните тајни, истакна Бабаџан, кој минатата недела истакна дека приведувањето на Гурџан е обид да се одвлече вниманието од економската криза, обележана со падот на вредноста на турската валута на најниско ниво во историјата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе