Свет Топ вести

20.000 евра за информации за извршителот на убиството на Косово

Полицијата и правосудните органи се уште трагаат по маскираното лице кое со калашников уби двајца средношколци и возач на автобус кај селото Глоѓане кај Дечани, на Косово. Владата во Приштина нуди 20.000 евра за информации за извршителот на убиството. Убиените средношколци погребани во Глоѓан.

Во нападот на локалниот автобус во петокот вечерта, напаѓачот испукал цел шаржер од 30 куршуми. Загинаа двајца средношколци и возач на автобус. Еден ранет средношколец е опериран и не е во животна опасност, јавува РТС.

Обвинителката во овој случај Сахида Гаши во Пеќ рече дека сослушале многу луѓе и дека во врска со случајот пребарале многу куќи.

Генералниот директор на косовската полиција Самедин Мехмети изјави дека истрагата се одвива во три насоки, без да даде детали. Тој не ја исклучи можноста дека во нападот учествувале неколку лица.

Министерот за внатрешни работи на привремените институции на Косово, Џељаљ Свеќља ги повика граѓаните да соработуваат со полицијата сите кои имаат информации за нападот во Глоѓане. Тој испрати ултиматум до напаѓачите да се предадат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Таткото Спасески се жали дека мајката го попречува да го види неговиот син

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе