Вести Македонија Топ вести

Раководителот на струмичкиот музеј реагира дека немилосрдно се уништуваат заштитени објекти во струмичката касарна

Поранешната административна зграда која од пред неколку месеци  е доделена на Завод и музеј Струмица, од ден на ден се опустошува. иако се пријавува во полиција не може да се спречи системското крадење на објектот.

Со искршени прозорци и обраснат во трева, објектот на поранешната касарна претворен во руина во срцето на градот. Зградата на поранешната административна зграда од пред неколку месеци е доделена на Завод и музеј Струмица, но, од оваа институција се затекнати од состојбата во којашто ја пронашле. Реагираат дека се случил немислорден вандализам.

Влезните врати од задната страна се целосно уништени, а таква е и внатрешноста. Кога влегувате внатре, како да му гледате на ужасот во очи.

Дел од објектите на струмичката касарна се во функција, другите прпаѓаат. Досега се обновија објектите каде што во момнетот се наоѓа СВР Струмица, но и делот на поранешен Инкубатор, кој сега е социјален центар со простории за здруженијата на граѓани од социјалната сфера.

Сузана Мицева

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Возачот Васил Јованов призна вина за несреќата во која ја прегази Фросина Кулакова  на пешачки премин

Дејан Дејан

Почнува националната еко акција „Генералка викенд“

Дејан Дејан

Трамп: Изборот на американски папа е „голема чест“ за САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе