Македонија

Втора лажна пријава за кражба на струја за копање криптовалути во ГТЦ

Денеска во 14.45 часот во СВР Скопје А.М. пријавил дека во магацините на ГТЦ извесни лица извршиле кражба на електрична енергија и имале поставено машини за копање крипто валути, соопштија од Министерството за внатрешни работи откако нивна екипа излегла на терен, но не пронашла ништо.

Полициски службеници веднаш излегоа на лице место согласно пријавата, извршија разговори со одговорни лица на ГТЦ и со претставници од ЕВН, при што утврдија дека за броилата, кои се во приватна сопственост, не е утврдена било каква кражба на електрична енергија, по што е утврдено дека не постојат елементи за сторено кривично дело, казниво согласно Кривичниот законик, се вели во соопштението на МВР.

Меѓутоа телевизиите Клан и ТВ21 објавија снимки на кои, како што тврдат, се гледаат „риговите“  и компјутерската опрема која се користела за копање крипто валути. Од полицијата не соопштија ништо за овие телевизиски снимки.

Во август 2021 година по претходно добиен оперативен податок за истото кривично дело “кражба на електрична енергија”, исто така е постапувано од страна на полицијата на истата локација и не е констатирана кражба на електрична енергија, ниту се лоцирани компјутери за копање на крипто валути, додаваат од МВР.

Копањето на крипто валути не претставува кривично дело предвидено во кривичниот законик.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Во Кочани заврши ,,Маршот на ангелите”

Дејан Дејан

Денеска се одржува ,,Марш на ангелите” во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе