Економија Македонија

Македонија балансира на границата на енергетска криза

Хидроакумулациите немаат вода ниту да покријат еден едниствен ден од потребите за електрична енергија во државата, а вкупната количина на вода се проценува на околу 10 отсто од максималниот капацитет.

Слично е и со РЕК Битола каде работи само еден блок и тоа со намалена моќност пшоради квалитетот на јагленот кој се користи. Вториот блок и третиот блок не се вклучени, иако тоа беше најавено пред петанесетина дена од директорот на ЕСМ Васко Ковачевски бидејќи нема доволно јаглен и пропадна тендерот за набавка на јаглен од странство.

Истото важи и за Осломеј кој ја чека набавката а виси и рестартирањето на ТЕЦ Неготино чија моќност од 180 мегавати може само делумно да ја ублажи состојбата.

Во моментов потрошувачката на струја е двојно поголема од производствената моќ на домашните капацитети.

За пример ќе го земеме вчерашниот ден. Во 24 часа се потрошени 20.923 мегават часови, произведени се 10.942, а превземени се 5.943 мегават часови струја повеќе од најавеното.

Оваа струја ја превзеде МЕПСО од европската елетрична мрежа по цена од 200 евра за мегават, што значи дека државната компанија само за вчера  треба да плати 1,2 милиони евра на произведувачите во странство. А допрва се очекува зголемена потрошувачка на струја поради падот на температурите.

Од МЕПСО бараат од Владата финансиска помош од 30 милиони евра со кои би се покриле загубите, однонсо би се платила превземената струја од европската електрична мрежа но и да се пуштат во погон термоелектраните на ЕСМ или пак ЕСМ да ја увезе потребната количина на струја, истото да важи и за приватните снабдувачи со селектрична енергија и вцеднаш да се набави мазут кој би се користел за потребите на ТЕЦ НЕготино.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Мицкоски: Незадоволни сме од Коцевски, логичен след на настаните е негова смена

Дејан Дејан

Општина Аеродром ги ослободува од комуналии сите млади до 35 години кои имаат план да го градат својот прв дом

Дејан Дејан

Мицкоски: Претседател на суд има плата од 180.000 денари, што мислам дека е малку многу, а просечната плата во државата е 45.000 денари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе