Вести Економија Македонија

Има доволно струја за домаќинствата по иста цена, соопштуваат Електрани  

Од ЕСМ соопштија дека го засилуваат производството на електрична енергија и продолжуваат да бараат поголеми количества јаглен за потребите на РЕК Битола за производство на енергија за потребите на отворениот пазар и стопанството.

Домаќинствата ќе се снабдуваат по иста цена, а струја има доволно, соопштуваат оттаму.

АД ЕСМ има стабилно производство на електрична енергија за домаќинствата и цената на струјата за домаќинствата нема да се менува.

АД ЕСМ го засили ископот на јаглен во РЕК Битола и РЕК Осломеј заради стабилно производство на електрична енергија за домаќинставата, и го оптимизира производството во хидроелектраните, гасната и ветерната електрана.

Компанијата во целост ги испорачува потребните количините електрична енергија кон универзалнот снабдувач за домаќинствата ЕВН Хоум.

По одредени написи во дел од медиумите-уште еднаш потенцираме дека набавката на јаглен, која ја спроведуваме по препорака на Владата, а во соработка со стопанската комора, заради високите цени на берзите во регионот и во Европа, е исклучиво за потребите на отворениот пазар, односно стопанството и институциите, со цел тие да се снабдат со електрична енергија по цени пониски од моменталните цени на берзите.

Во текот на наредните денови ќе склучиме договор за набавка на јаглен за РЕК Осломеј за негова континуирана работа од декември до април 2022 година.

За РЕК Битола повторно е распишан повик со цел да се добие поголема количина на јаглен, со поволна цена која ќе има економска оправданост.

Истовремено, се прават координации со ТЕЦ Неготино за стартување на оваа термоелектрана, и доколку се обезбеди мазут истата ќе се стави во функција.

Потенцираме, електрична енергија за домаќинствата има, цената останува иста.”

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Денеска се одржува ,,Марш на ангелите” во Кочани

Дејан Дејан

Тројца отповикани и двајца со истечен мандат остануваат како в.д. амбасадори

Дејан Дејан

Истрагата за трагедијата во Кочани продолжува со распит на сведоци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе