Вести Локални избори 2021 Македонија

Битка за Центар преку Зелениот пазар

Котлар за 100 дена ќе ги решава проблемите на пазарџиите, Герасимовски ветува дека граѓаните кои живеат околу Зелениот пазар ќе добијат решение за хаосот од оставеното ѓубре.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска во кампањата пред вториот изборен круг, го посети Зелениот пазар во центарот на Скопје заедно со кандидатката за градоначалник на Центар Наташа Котлар. Разговараа со пазарџиите и ветија решение за нивните проблеми со кои се соочени.

-Од тоа што можев да го слушнам е нормално сето она што денеска го живееме во ова нашето тешко секојдневие, беспарица голема, лош стандард, цени високи. Они имаат и поинаков проблем овдека до пристапот до пазарчето наметнати паркинзи, наметнати огради и бариери за да не можат луѓето да доаѓаат да пазаруваат нормално. И сето тоа создава проблем не само за нив, туку и за граѓаните во овој регион. Она кое што ние можеме да го кажеме е дека сето тоа кое што претставува проблем за луѓето за тука, за пазарџиите, за луѓето кои што пазаруваат тука од овие пазарџии е дека ќе сториме се што е во наша моќ, уште во првите 100 дена сите оние проблеми со кои што тие се соочуваат и кои што денеска тие ни ги кажаа да ги решиме. Да покажеме дека можело поинаку, дека може да се работи за интересот на граѓаните, бидејќи ние како ВМРО-ДПМНЕ сме народна партија, истакна Мицкоски во порака на својот ФБ профил.

Кандидатот за градоначалник од СДСМ Герасимовски пак вели дека Мицкоски и Котлар воопшто не знаат кои се приоритетите и проблемите на граѓаните кои живеат кај Зелен пазар и наместо решение нудат ветување кои дополнително ќе им го отежне секојдневнието.

-На граѓаните кај Зелен пазар ќе им го решиме проблемот со хигиената и хаосот кој се создава од пазарџиите кои продаваат надвор од тезгите. Најстрого ќе се санкционира и редовно контролира нарушувањето на мирот на граѓаните, продажбата на диво и валкањето на околината. Понатаму, ќе ги исчистиме и уредиме подземните паркинзи и ќе воведеме целосен ред во паркирањето. Ова е врвен приоритет за граѓаните кои живеат таму и ќе го решиме во првите месеци од мандатот. Пазарџиите кои уредно продаваат и плаќат за тезгите ќе добијат субвенции за наем на тезгите и за паркирање. Со тоа ќе стимулираме регуларна продажба а ќе ги отстраниме пазарџиите кои продаваат на диво. На Зелен пазар ќе воведеме ред и еднакви услови за пазарџиите, а чиста и безбедна средина за граѓанite кои живеат таму. Мицкоски и Котлар тропаат на погрешна врата и јасно е дека не знаат што е потребно за граѓаните на Центар, рече кандидатот на СДСМ Горан Герасимовски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Шоферско „лудило“- претекнувал колона кај Гостивар, возел дупло побрзо од дозволеното кај Гиновце, среде Кавадарци пијан турнал бандера, какви прекршоци се прават на патиштата низ Македонија

Дејан Дејан

Африм Гаши останува дел од ВРЕДИ, парламентарниот спикер се огласи по шпекулациите дека и тој ја напушта коалицијата

Дејан Дејан

Тешко повреден 14-годишен мотоциклист во Велес

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе