Македонија Најважни

Почнува гласањето за локалните избори, се изјаснуваат болните, немоќните, лицата со Ковид-19, затворениците

Гласањето на Локалните избори 2021 започнува денеска со изјаснувањето на болните, немоќните и лицата со Ковид-19 и во самоизолација чии пријави се прифатени од општинските изборни комисии, затворениците, лицата во притвор, во старските домови и внатрешно раселените лица.

На изборите првпат ќе се применуваат уреди за биометриска идентификација на гласачите со отпечатоци од прсти. Сепак, ДИК одлучи лицата што ќе гласаат денеска да не бидат проверувани со овие уреди, туку гласањето да се спроведе УВ ламба, со која се проверува дали лицето претходно гласало, и со прскање со спреј, за да се обележи дека веќе е искористено правото на глас.

Според информациите од ДИК, денеска ќе гласаат 7.921 болни и немоќни лица чии пријави се прифатени од ОИК, како и 476 лица со Ковид-19 и во самоизолација.

Гласањето на болните и немоќните ќе го спроведуваат избирачките одбори, додека за гласањето на лицата со Ковид-19 и во изолација се формирани посебни избирачки одбори составени од медицински лица.

Доколку некое од овие лица чии барања за гласање се потврдени не биде најдено во својот дом од страна на избирачкиот одбор, правото на глас нема да може да го оствари на денот на гласањето.

Во последниот извод на Избирачкиот список се запишани 1.899 гласачи кои на денот на изборите се на издржување казна затвор или се во притвор, 351 лице во установи за вонсемејно сместување и шест гласачи кои, во согласност со евиденцијата на Министерството за труд и социјална политика, се запишани како раселени лица.

Гласањето ќе се одвива согласно општите мерки за спречување на ширењето на Ковид-19, а нив ќе мораат да ги почитуваат како членовите на избирачките одбори така и гласачите.

Резултатите од гласањето на болните, немоќните и лицата со Ковид-19 и во самоизолација, ќе бидат објавени заедно со резултатите од неделното изјаснување на Локалните избори.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во Кочани заврши ,,Маршот на ангелите”

Дејан Дејан

Денеска се одржува ,,Марш на ангелите” во Кочани

Дејан Дејан

Тројца отповикани и двајца со истечен мандат остануваат како в.д. амбасадори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе