Вести Македонија Топ вести

Самит на „Економист“ за Западен Балкан: Промовирање на европската инклузивност и солидарност

Вториот Самит за Западен Балкан „Промовирање на инклузивноста и солидарноста на Европа“ се одржува денеска во Скопје во организација на „Економист“.
На самитот  се дискутира за тоа како да се зајакне стабилноста и соработката во регионот, како да се забрза пристапувањето на Западен Балкан во ЕУ, како и тоа кои се приоритетите на Северна Македонија и на регионот во пост-ковид период.

На отворањето на Самитот, се обрати премиерот Зоран Заев, а свои обраќања најавено е дека ќе имаат и вицепремиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ, косовскиот премиер Албин Курти и вицепремиерот на Албанија Арбен Ахметај.

По отворањето на Самитот, вицепремиерот Никола Димитров e говорник на панелот „Визија за Европската Унија и Западниот Балкан – Проширувањето на ЕУ на Западен Балкан: зошто е тоа критично за иднината на Европа?“, каде ќе говорат и поранешниот грчки премиер Јоргос Папандреу – актуелен претседател на Социјалистичката интернационала, поранешниот германски вицеканцелар и МНР Јошка Фишер и евроамбасадорот Дејвид Гир.

На панелот „Југоисточна Европа: Зајакнување на мирот и соработката во кревка глобална средина“ најавено е дека ќе говорат шефот на дипломатијата Бујар Османи и американската амбасадорка во земјава Кејт Мери Брнз.
Според најавата, свој осврт на темата „Приоритетите на САД за Западен Балкан“ ќе даде заменик помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Габриел Ескобар.

Во економскиот дел од Самитот на одделни панел сесии ќе говорат министерот за финансии Фатмир Бесими, гувернерката на Народната банка на Северна Македонија Анита Ангеловска Бежовска, министерот за економија Крешник Бектеши, како и економски експерти.

Самитот е еден од клучните настани во регионот во организација на лондонски „Економист“ како светски бренд, што оваа година има за цел да ја истакне потребата од структурни реформи и заемна соработка за интегрирање на земјите од Западен Балкан во ЕУ што е во интерес на Европа како целина и справувањето со глобалните предизвици.

Во период кога глобалната заедница се уште се бори против Ковид-19, владите и меѓународните институции се фокусирани на имплементација на политики со цел враќање на конкурентноста и економскиот раст. Западен Балкан исто така беше силно погоден од пандемијата, а сегашната ситуација ја подвлекува потребата од подлабока соработка и солидарност од меѓународните институции. ЕУ мора да се движи побрзо и поефикасно во обезбедувањето помош на земјите во регионот, да им помага во решавање на прекуграничните прашања и најважно, да ги донесе земјите од Западен Балкан во европскиот клуб, стои во најавата за Самитот за Западен Балкан на „Економист“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Убиство со пиштол купен за 1 100 евра, девојка-возач за бегство и многу мистерии дали за штипската престрелка на турски државјани е одговорна дрога, девојка или одмазда

Дејан Дејан

Фон дер Лајен, Макрон и Мерц: Построги санкции ако Русија одбие примирје

Дејан Дејан

Илјадници Романци на проевропски протест пред вториот круг од претседателските избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе