Македонија Топ вести

Гласање и учење на исто место

Голем број училишта, градинки и други службени простории, в недела ќе се претворат во избирачки места. Само неколку часа откако ќе заврши пребројувањето гласови и пакувањето на изборниот материјал, во понеделник наутро, треба да пристигнат децата и вработените. ДИК препорачува дезинфекција на сите места за гласање, а Министерствата за труд и за образование сметаат дека наставата и згрижувањето деца, може да продолжат без било каков проблем.

В недела, училиштата во сите општини ги отвараат вратите за да ги пречекаат гласачите, распоредени по училници во согласност со улицата на која живеат и куќниот број. Истото ќе го сторат и голем број градинки, домови на културата, месни заедници, задружни домови и други установи. По затварањето на избирачките места, просторот е активен речиси цела ноќ, за да се пребројат гласачките ливчиња, да се подготват записниците и за да се спакува за транспорт доверливиот и недоверливиот изборен материјал. Некаде пред зори, општините ќе треба да ги искористат тие неколку часа до доаѓањето на децата и вработените, за да исчистат и дезинфицираат. ДИК го побара тоа од нив.

ДИК: Врз основа на Изборниот законик, ДИК ги задолжува сите градоначалници да организираат дезинфекција на сите гласачки места во објектите за гласање. За оваа законска обврска, ДИК писмено ги извести општините, со цел почитување на здравствените протоколи за спроведување на изборите, а поради заштита на здравјето на изборните органи, гласачите и учениците.

Министерствата за образование и за труд и социјала сметаат дека општините треба да ги преземат сите обврски за враќање на згрижувачките и образовните објекти во хигиенски и здравствено безбедна кондиција.

Министерство за образование: Наставата продолжува согласно воспоставениот модел, како што продолжува работата во сите други институции. ДИК и општините имаат обврска да организираат дезинфекција на објектите.

Министерството за образование на Косово има поинакво мислење. Донесе одлука во сите училишта во кои в недела ќе има гласање, да нема настава со физичко присуство. Заради намалување на опасноста од зараза на учениците и училишниот персонал, понеделникот треба да биде искористен за дезинфекција и проветрување на училниците и ходниците. Исто како кај нас, на 17-ти во Косово се организираат редовни локални избори.

Соња Николовска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе