На македонските државјани им се признаваат вакциналните сертификати за влез во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска. Од денеска Македонија е ставена во зелената листа на држави и територии.
Граѓаните на Македонија кои патуваат во Велика Британија, и кои примиле вакцина во земјава, ќе се сметаат за целосно вакцинирани под услов: да поседуваат со себе сертификат за вакцина за да го докажат статусот на вакцинација; да имаат примено комплетна вакцина (две дози) најмалку 14 дена пред да пристигнат во Велика Британија; да бидат вакцинирани со некоја од вакцините Оксфорд/АстраЗенека, Pfizer, Модерна, Јансен; сертификатот за вакцинација како доказ да биде издаден од национален или државен орган за јавно здравје и да е на англиски, француски или шпански јазик. Останува непроменето дека, државјаните на Македонија за влез во Обединетото Кралство им е потребна важечка британска виза или дозвола за престој, додава МНР.