Македонија Топ вести

Се делеле црни вреќи во Битола, СДСМ вели ВМРО – ДПМНЕ бара алиби за убедливиот пораз

ВМРО ДПМНЕ ја обвини за поткуп Општинската организација на СДСМ во Битола презентирајќи видео за кое тврдат дека  се делеле црни вреќи на жителите од битолската населба Баир.

Случајот е пријавен во полиција.

Реакција на СДСМ на прес-конференцијата на Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ:

Како што ќе наближува изборниот ден така ќе се засилуваат објавувањата на конструкции и измислици од белиот дворец, во обид да најдат алиби за убедливиот пораз што ги очекува ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски на 17 октомври.

Откако СДСМ ја предводи владата и институциите сите изборни процеси се фер, демократски, слободни и тоа е оценето и од ОБСЕ/ОДИХР и од сите домашни и меѓународни релевантни организации.

Поткупот, уцените, заканите, гласачи од Пустец, исклучување на лифтови, обид за кражба на доверлив изборен материјал беа одлика на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.

Така ВМРО-ДПМНЕ спроведуваше избори за што можеше целата јавност да чуе и преку објавените разговори и тоа граѓаните не го забораваат.

Затоа, на фер и демократски избори, на 17 октомври по седми пат ќе ја поразат деструкцијата на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски и ќе им порачаат дека нема да се вратат назад во мрачното минато, туку продолжуваат напред со СДСМ и Најдоброто.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе