Ковид19 Македонија Топ вести

Расте бројот на починати од оздравени од ковид во болниците

За само една седмица 132 граѓани ја загубиле битката со ковид 19. 99 починале во болнички кревет, а 39  починати лица се пријавени подоцна во неделата што измина, се наведува во  неделниот извештај на институт за јавно здравје. Во болниците 520 пациенти сеуште се борат со болеста иако бројот на заразени аклучни 10 ти октомври се намалува, но не и процентот на заболени од вкупно тестираните.

Минатата недела починале 93  заболени, но се пријавени вкупно 132 жртви на КОВИД 19 затоа што 39  граѓани починале претходно, но биле пријавени подоцна. 93 починале во болница, односно повеќе од 80-те оздравени кои ги напуштиле болниците, се наведува во неделниот и збирниот извештај на институтот за јавно здравје.

  • Институт за јавно здравје: „Пријавени се 93 смртни случаи во 20 градови во текот на изминатата недела, најголем дел од нив се од Скопје (40). Најголем број од починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години односно 84 %, а регистрирани се починати лица и кај возрасната група од 50-59 години (13), од 40-49 години починале едно лице и исто едно во старосната категорија 30-39 години,“

И натаму се забележува раст на процентот на смртните случаи во болници, и сега изнесува 47,45 % починати од вкупниот број на досега затворени болнички случаи. Од 13.527 затворени болнички случаи, 7.108 оздравеле што изнесува 52,55%, додека во моментот на болничко лекување има вкупно 520 пациенти, од кои над половина се кислородна поддршка.

Бројот на заразени се намалил во изминатата недела за 11,8 %, но останал ист процентот на заразени од тестирани. Од починатите 85,6 % се регистрирани пропратни заболувања , најчесто кардиоваскуларна болест, втора болест на листата е дијабетот во комбинација со ковид..

Заразата не ги одминува ниту оние кои прележале или примиле вакцина. Во текот на мината недела вкупно се пријавени 34 реинфекции, и бележи намалување од 12, 8 %  однос на претходната недела.Заклучно со 10 Октмоври вкупно се регистрирана 625 реинфекции.

Неготино и Кавадарци, пак, се градовите каде најмногу граѓани примиле вакцина односно 65, и 64 проценти, но овој процент не бележи раст во измиантите две недели. Последни на дното со две примени вкацини се Гостивар и Струмица со 35 и помалку проценти вакцинирано население, бројка која со недели не се зголемува. Според последните официјални информации 795.206 се вакцинирани со барем една доза што е 47,7 отсто од полнолетните граѓани во државата или ссамо раст од 0,3 проценти за една календарска седмица.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе