Македонија Топ вести

Притвор за Камерунците што сакаа да фалсификуваат евра во земјава

Притвор за двајцата Камерунци кои беа фатени откако слетаа на скопскиот аеродром бидејќи се осомничени за фалсификување евра. Тие на 4 октомври стигнале на аеродромот, без пари, без документи за влез во земјава, но со полна опрема за изработување на лажни банкноти.

Во багажот кај првиот осомничен имало 3.744 парчиња црна хартија а кај вториот 5.632 парчиња бела хартија исечени со идентична големина како оригинални евро банкноти со принт како  50, 100, 200 и 500 евра. Вкупниот износ на фалсификуваните евро банкноти во рана фаза за изработка изнесувал 902 илјади евра. Со нив имале и  две шишиња сотечност со жолтеникава и темно-црвена боја, кои се користат за разликување на обичната хартија од онаа на која се печатат банкноти, и УВ-ламба.

Лица од Камерун по втор пат фатени со фалсификувани евра во вредност од еден милион евра на Меѓународниот аеродром – Скопје

Обвинителството побарало притвор бидејќи се странски државјани и иако по потекло од Камерун првиот е државјанин на Франција а вториот на Луксебург. Обвинителството стравува дека може да избегаат. За сега од судот нема информација дали им е одреден притвор.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе