Македонија Топ вести

Девојки Ромки- жртви на сексуални вознемирувања на Интернет

Ромските невладини организации апелираат сите жртви на новата таканаречена јавна соба да пријават во МВР. Ова доаѓа откако на Фејсбук се појави страница на која се споделуваат приватни фотографии и разговори од девојки од ромска националност. Од МВР велат дека трагаат по креаторот на Фејсбук профилот, но и дека започнале регионална кампања за обука за тоа што се не би требало да се споделува на социјални мрежи.

Профилна фотографија со лик на жена и дете, а страницата исполнета со експлицитни содржини на разголени жени и приватни разговори со нив. Фејзбук страницата на која се споделуваат експлицитни приватни фотографии има повеќе од 1 800 лајкувања и над 2 000 следачи. Создадена е на крајот на август, на почеток со политички содржини, за последниве денови да се исполни со интимни фотографии на девојки најчесто од ромска националност. Ова пред неколку денови го лоцирала невладината иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари и уште во петокот пријавила во полиција. Од МВР велат дека работат на откривање на човекот кој стој зад овој профил, за кој се поизвесно е дека е лажен.

По објавувањето на случајот дури и претседателката на невладината станала жртва на омраза на спорната Фејсбук страница. Поставена е семејна фотографија со навредлива содржина, а објавувачот не престанал да закачува и други објави од како што вели нечесните жени.

Прв ваков обелоденет случај кој сега има и судски епилог беше јавна соба на социјалната мрежа Телеграм. Таму беа споделени видеа и фотографии дури и од малолетнички, а групата броеше над 8 илјади членови. Од МВР велат дека дел од оние кои ги креираат и споделуваат содржините не се ни свесни дека можат и кривично да одговараат.

Од МВР велат дека ваквите појави се се почести и на други социјални мрежи а особено во време на пандемија, а на мета најчест осе младите девојки. Ова е глобален проблем па заедно со Хрватска, Словенија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина започнуваат кампања против сексуална злоупотреба на интернет.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца кандидати го минаа филтерот за Европскиот суд за човекови права

Дејан Дејан

Уништени култури, земјоделците проценуваат штети – град со големина на орев „удри“ во Струмичко

Дејан Дејан

И политичарите собираа ѓубре – заедничка акција за почиста Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе