На прилепската Могила на непобедените, десетина луѓе од кои некои со партиски маици на Левица беа наредени на централната позиција на споменикот пред местото каде се поставуваат венците свежо цвеќе за одбележување на празникот.
За време на церемонијата на одбележување, државните делегации предводени од претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев ја заобиколија групата за да ги положат венците за одбележување на 8 децении од Востанието против фашизмот.
80 години од македонското востание против фашизмот