16% од вкупно починатите пациенти со Ковид во последните два месеци биле целосно вакцинирани, покажува извештајот на Министерството за здравство за периодот од шести август до седми октомври годинава.
Анализите покажуваат дека починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања.
Пациентите биле вакцинирани со сите типови на вакцини кои ги има кај нас.
Дури четвртина од позитивните на ковид биле целосно вакцинирани. Од вкупно заразени 38 илјади и 19 граѓани – девет илјади 163 биле целосно вакцинирани, односно поминале најмалку 14 дена од примањето на втората доза.
Додека 76% од позитивните на ковид не биле вакцинирани. Министерството соопшти дека 19 проценти од моментално хоспитализираните лица се целосно вакцинирани.