Ковид19 Македонија Топ вести

Четвртина од заразените изминативе два месеци биле целосно вакцинирани

Од вкупниот број позитивни на Ковид-19 регистрирани во изминативе два месеци, 76 проценти или 28.856 граѓани не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 81 отсто, додека само 19 проценти од сите моментно хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата на Министерството за здравство.

Како што се наведува во денеска објавената анализа на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид-19, за вакцинирани се сметаат лицата кај кои се аплицирани две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.

При тоа во период од 06.08 до 7.10.2021 на територија на државата 38.019 граѓани се регистиррани како позитивни на Ковид-19, од кои 24 отсто биле целосно вакцинирани, односно 9.163 лица.

Во период од 6.08 до 7.10.2021 на територија на државата починале 1.277 пациенти со Ковид 19, од кои 1070 пациенти од нив, односно 84 проценти, не биле вакцинирани, а само 16 отсто, односно 207, примиле вакцина.

Според анализите, починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас, се наведува во соопштението.

Министерството за здравство воедно, укажува на важноста на вакцинација и апелира до граѓаните да се имунизираат.

Секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна. Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2, наведуваат од Министерството за здравство.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе