Македонија Топ вести

Акедемик Ќулавкова: Не треба да се прифати Бугарите да влезат во Уставот

Остри критики од академиците за барањето на бугарскиот претседател Радев, Бугарите да се внесат во Уставот. Академик Катица Ќулавкова смета дека однесувањето на бугарските политчари е недозволиво, надвор од европските вредности, бара да се прекинат натамошните разговори затоа што немаме добиено никаква гаранција за влез во унијата, а дури и да ја добиеме, не смееме да бидеме преседан во Европа.

Претседателот на МАНУ Љупчо Коцарев бара широк политички консензус и изготвување на нов документ во кој со консензус ќе бидат прецизирани црвените линии од кои нема да има отстапки.

Премиерот Заев вчера рече дека Бугарите ќе влезат во Уставот пред да станеме земја членка на ЕУ.  Македонската страна нема да бара реципроцитет затоа што Бугарија не признавала организирање на други етнички заедници.

Во наредниот период двете страни интензивно ќе разговараат за шесте точки. Покрај за бугарското малцинство во Уставот ќе се преговара и за употребата на краткото име, говорот на омраза, работата на историската комисија, правата на малцинствата, немешањето во внатрешните уредувања на двете земји. Првиот таргет е 14 декември, самитот на Советот на ЕУ, за кога се очекува позитивен сигнал.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Телма со детали за убиството во Штип кое личи на сцена од гангстерскиот филм „Кум“- пресметка на двајца турски државјани во кафуле, полициска потера и организирано бегство со две коли

Дејан Дејан

Возачот Васил Јованов призна вина за несреќата во која ја прегази Фросина Кулакова  на пешачки премин

Дејан Дејан

Почнува националната еко акција „Генералка викенд“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе