Македонија Топ вести

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Куманово, актерот Тони Михајловски, позитивен на коронавирус

Кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата, за Куманово, Тони Михајловски, денеска на официјалниот профил на социјалните мрежи соопшти дека е позитивен на коронавирус.

Тој нагласува дека иако е вакциниран и ги почитувал мерките на резултатите од тестирањето излегол позитивен.

– Почитувани граѓани, за жал, мора да ве известам дека на моето денешно тестирање од Ковид-19 излегов позитивен, вакциниран и почитувајќи ги сите мерките за заштита на моето и вашето здравје, сепак дојде до оваа несакана ситуација за секого. Мојот тим е на терен и работи за да ја донесеме долгоочекуваната и заслужена промена во Куманово, напиша кандидатот Михајловски.

Тој во објавеното видео кажа дека ќе биде во десетдневна изолација, изразувајќи надеж дека состојбата нема да ескалира. Михајловски му порача на неговиот тим дека е заедно со нив и останува во трката.

– Не се откажуваме, на 17-ти нè чека голема победа- за Куманово, конечно да ги добие промените кои ги заслужува-заврши Михајловски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обинителство отвори истрага против пет лица за убиството во Штип

Дејан Дејан

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе