Впечатливи најмногу заради силното полициско обезбедување околу нив, а помалку заради надворешниот изглед, група Авганистанци денес излезе на шопинг и тоа во строгиот центар на Скопје.
Неколку часа околу овој трговски центар, полицајци и во униформа и во цивилка беа распоредени на влезовите, што измами и прашања од неколку случајни минувачи кои беа љубопитни – што се случува овде баш денес.
По околу два часа внатре, бегалците од Авганистан излегоа од трговскиот центар, натоварени со ќеси полни со сè што се подновиле во продавниците. На излезот мораа да почекаат да се собере целата група на куп, за потоа со полициска придружба да заврши нивната прошетка.
Предводени од претставници на Црвен крст, група Авганистанци со три градски автобуси ќе се врати назад во своето сместување. Од Владата им било забрането да даваат било какви изјави за медиуми.
На скопскиот аеродром првпат слета авион на авганистанската компанија „Кам ер“, на 31 август. Донесе 149 не патници туку бегалци кои за првпат доаѓаат во Македонија. Оттогаш почна да им тече 90-дневниот период од издадената виза.
Период од три месеци во кој западните држави треба да им ги одобрат заминувањето таму по привремениот престој во Македонија. Претходно тие со денови на отворено чекале лет за спас на аеродромот во Кабул.
Потоа, пристигна уште две групи бегалци од Авганистан, едната вчера со вкупно 97 луѓе, а втората на 15-ти септември кога долетаа 44-ца.
Вкупно 291 бегалец се сместени во повеќе хотелски објекти, а сместувањето и грижата ја презедоа американските организации за кои работеле бегалците.
Првиот ден по слетувањето на првата група, бремена бегалка се породи на скопска гинекологија каде роди син.
Петар Догов