Вести Македонија Најважни

МЕПСО не открива колку е долгот на фирмата на Џафери, МВР поднесе кривична пријава за нападот врз Бислимовски

Насилство е кривичното дело за кое ќе одговара Аријанти Џафери, син на екс вицепремиерот Муса Џафери, за нападот врз претседателот на Регулаторната Комисија Марко Бислимовски, вчеравечер во Дебар Маало. Џафери претпладнево беше повикан во полициска станица каде дал исказ и како што соопштија од МВР го признал делото.

„По консултација со Јавен обвинител ќе биде изготвена кривична пријава за кривично дело насилството по член 386 од Кривичниот законик“

Предвидената казна за ова дело е од три месеци до три години затвор а предметот сега е во рацете на Обвинителството.

Причина за нападот е постапката за одземање на лиценцата за работа на фирмата на 28 годишниот Џафери, „У Пауер“, која се бави со снабдување со електрична енергија, поради долг кон МЕПСО. На Џафери односно на „У Пауер“ клиенти се неколку државни институции како и ТЕЦ „Неготино“.  Фирмата на Џафери не ги обезбедила навреме и во целост количините на електрична енергија за кои имаат склучено договори со потрошувачите. Затоа тие набавувале струја од резервите на МЕПСО, наменети за балансирање на електроенергетскиот систем, по цена далеку поефтина од онаа на светските берзи

Без разлика на инцидентот процедурата за одземање на лиценцата е во тек и евентуални дополнителни притисоци нема да влијаат или да го сменат начинот на кој работиме, соопштија од Регулаторна.

Според изјавите на очевидците Џафери со својата придружба бил во истата кафенаа во Дебар маало и седел на маса во близина на Бислимоски. Во текот на вечерта во неколку наврати го провоцирал а потоа седнал до него на масата со објаснување дека сака да поразговара со него, но по неколку минути го нападнал. Џафери барал од Бислимоски да ја запре постапката против неговата фирма, а кога тој одбил, Џафери почнал да го удира по главата.

Лиценцата на „У Пауер“ сеуште не е одземена, но постапката во Регулаторна тече.

Засега од МЕПСО нема официјална информација, колку пари „У Пауер“ должи,  за кој период и зошто е толериран со месеци пред да биде известена Регулаторна.

Интересно е што Регулаторна истовремено поведе постапка за одземање на лиценцата и на фирмата „Мист Енерџи“за истите малверзации како и „У пауер“, но во меѓувреме регулаторна издаде лиценца на ново отворена фирма „Мист Енерџи ЕКО“, регистрирана на истата адреса и со ист сопственик против кој веќе се води постапка.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе