Вести Македонија

МВР ќе го гони синот на Муса Џафери за насилство откако тој го нападна директорот на регулаторната комисија за енергетика

Од МВР соопштија дека Аријанит Џафери, синот на поранешниот вицепремиер Муса Џафери, го признал нападот врз Бислимовски од РКЕ и ќе добие пријава за кривично дело насилство. Инцидентот се случил синоќа во Центар.

Според првичните сознанија Џафери го нападнал Бислимовски откако РКЕ отвори постапка за одземање на лиценца за трговија со електрична енергија на компанијата на Џафери поради пропусти во работата и и неисполнување на договорите за продажба на струја.

МВР соопшти:

Во врска со случајот кој синоќа, околу полноќ, во СВР Скопје го пријави М.Б. (45) од Скопје дека на тераса од угостителски објект на подрачјето на Центар бил физички нападнат од А.Џ.(28) од Скопје, ја известуваме јавноста дека случајот е целосно расчистен и против А.Џ. ќе биде изготвена кривична пријава за кривично дело насилство по член 386 од КЗ.

Веднаш по пријавувањето на настанот, преземени се содветни мерки за расчистување, односно изготвено е писмено известување до ОЈО Скопје, извршени се разговори со сведоци на настанот, обезбедена е видео снимка, извршен е разговор со пријавениот А.Џ., кој во целост го призна делото, и по консултација со јавен обвинител ќе биде изготвена кривична пријава за кривично дело насилство по член 386 од КЗ.

Синот на Муса Џафери го нападнал Бислимоски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе