Вести Македонија Најважни

Нема политичко-морална одговорност од Филипче и Хасани за пожарот во модуларната болница во Тетово

Извештајот, првичен форензички на МВР, не ја затвори истрагата за причините за пожарот и кривичната одговорност за тетовската трагедија и 14 починати пациенти, ама го затвори досието за политичко-моралната одговорност на министерот Филипче и заменик министерот Хасани. Заев не ги прифати нивните оставки.

Премиерот без прецизно објаснување, што треба да има во првичниот извештај за да го убеди во спротивното за да ја прифати понудената оставка на политичките раководители во секторот здравство. Заев вели дека институциите ќе откријат има ли лична одговорност на други лица.

Болницата изгорела бидејќи на кабелот истовремено биле приклучени дефибрилатор и полнач за мобилен телефон

Претходно во изјава за Телма, првиот вицепремиер Артан Груби потенцираше дека по објавениот извештај неговиот став е дека нема место за морална и политичка одговорност за министерот и заменик министерот. За Груби пак оставките кои се уште не се стигнати во здравство, оние на директорите на тетовската болница Флорим Бесими и Артан Етеми -се неотповикливи.

И двајцата упатија сочувство до жртвите, а Заев најави дека сега ќе се работи на подобрување на условите во модуларните болници за да се спречат слични инциденти. Првичните форензички наоди ги објави тетовското обвинителство 27 дена по кобниот и грозен пожар во кој загинаа 12 болни од Ковид и двајца посетители.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе