Македонија Топ вести

Симовски очекува до утре да бидат попишани милион граѓани 

Пописот на населението, домаќинствата и становите на целата територија на државата се одвива со посакуваниот интензитет, без проблеми и убедени сме дека успешно ќе заврши во планираниот рок, изјави директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС), Апостол Симовски, кој денеска престојуваше во Дебар.

До вчера попишани се точно 800.008 граѓани, а до утре очекуваме бројка од милион попишани граѓани. Бројот на оние кои одбиваат е незначителен, а по разговорите, кај нив повеќе нема двоумење се попишуваат. Оние кои повикуваат на бојкот, главно преку социјалнте мрежи не и мислат добро на државата. Повторувам дека пописот е статистичка, а не политичка операција, рече меѓу другото Симовски.

Заедно со соработниците тој имаше средба со пописната комисија, како и со градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука.

Целта на нашата посета беше одблску да се запознаеме со текот на пописните активности во пописен реон 24, што ги опфаќа општнте Дебар  Центар Жупа. Можам да кажам дека овдека пописот се одвива според планираата динамика. На ова подрачје до сега не е регистриран случај на одвивање да биде попишан, рече тој.

Истата оценка ја изнесе и за општина Маврово и Ростуше, каде биле пред да дојдат во Дебар.

И претседателот на пописната изборна комисија Решат Ќормемети искажа идентична оценка околу текот на пописот во општините Дебар и Центар Жупа, каде досега се попишани над осум илјади граѓани.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Да не му тропнат истражители на врата на Али Ахмети, со Таравари ќе пие кафе за разделба, Мицкоски со пораки за двајцата партиски лидери од спротивната страна на власта

Дејан Дејан

Во сообраќајни несреќи најмногу гинат пешаците, покажуваат извештаите на МВР

Дејан Дејан

Во кочанската болница на рехабилитација се трисетина млади луѓе, кои имаат повреди од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе