Најважни Свет

11 убиени, од кои 9 деца во напад со огнено оружје во училиште во Казан

Девет деца се меѓу 11-те жртви, убиени од истрели од огнено оружје во училиште во рускиот град Казан.

Две вооружени лица започнале да пукаат во училиштето, 850 километри источно од Москва.

Според информациите на руските медиуми, еден тинејџер бил приведен, додека вториот напаѓач бил најверојатно убиен во зградата. На руските социјални мрежи се појави и видео снимка на која се тврди дека е снимено апсењето на напаѓачот. Од него беше објавена и фотографија, откако бил уапсен. Се тврди дека станува збор за 19 годишно момче.

Полицијата потврди дека безбедносната ситуација во училиштето во Казан, во руската република со претежно муслиманско население, Татарстан, сега е нормализирана.

Специјалната полиција и службите за итна помош биле повикани да одговарат на повикот за помош во училиштето бр. 175.

Од снимката објавена на Твитер, се забележува и хаосот во училиштето по завршувањето на пукањето и метежот создаден од паничното бегство на учениците.

Специјалната полиција и службите за итна помош биле повикани да одговарат на повикот за помош во училиштето бр. 175. Дел од учениците, во паника бегале низ прозорците на училиштето во кое се слушале рафални истрели од огнено оружје.

Од руската полицијата соопштија дека во тек е истрагата која треба да ја  утврди позадината на инцидентот, при што засега не е познат мотивот на напаѓачите.

Претседателот на Татарстан, Рустам Миниканов, го опиша пукањето како катастрофа и трагедија, додавајќи дека 12 деца и 4 возрасни лица се сместени на болничко лекување по престрелката.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во Кочани заврши ,,Маршот на ангелите”

Дејан Дејан

Пакистанците и Индијците слават по одлуката за примирје

Дејан Дејан

Денеска се одржува ,,Марш на ангелите” во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе