Свет Топ вести

Вашингтон се обидува да спречи недостиг на гориво по хакерскиот напад врз „Колонијал Пајплајн“

Американската администрација го следи недостигот на гориво во делови од југоисточниот дел на земјата и разгледува различни реакции, се вели во соопштението издадено од портпаролката на Белата куќа Џен Псаки.

Американскиот претседател Џо Бајден продолжува да добива редовни ажурирања за состојбата со Colonial Pipeline. Администрацијата продолжува да го проценува влијанието на инцидентот врз снабдувањето со гориво на источниот брег и да разгледа какви активности да преземе за да го ублажи ефектот што е можно повеќе, рече Псаки. Претседателот им наложи на федералните агенции да ги користат своите ресурси за да помогнат во намалување на дефицитите таму каде што можат да се појават.

Според „Колонијал Пајплајн“, кибер нападот врз нивните системи бил извршен со употреба на т.н. уценувачки софтвер, односно  Ransomware малвер. Станува збор за вирус кој влегува во компјутерски систем, привремено го блокира неговото работење и ги криптира податоците се додека жртвата на нападот не го плати износот што го бара ученувачот.

Според извештаите во американските медиуми, како резултат на нападот, криминалците добиле до 100 GB податоци. Среде инцидентот, компанијата беше принудена да го прекине работењето. Според раководството, процесот на обнова на работата и враќање на нормалната работа е веќе започнат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пакистан и Индија се согласија на целосно примирје

Дејан Дејан

Паметен помошник или дигитална опасност?

Дејан Дејан

Убиство со пиштол купен за 1 100 евра, девојка-возач за бегство и многу мистерии дали за штипската престрелка на турски државјани е одговорна дрога, девојка или одмазда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе