На црвениот плоштад во Москва, денска се одржа традиционалната воена парада по повод 76-тата годишнина од победата над нацистичка Германија во втората светска војна.
Одбележувањето на победата над нацизмот, подобро познат како Денот на победата, е најзначајниот секуларен празник во Русија, со кој им се оддава почит на воените победи на Црвената Армија, но и страотните загуби на Советскиот Сојуз во втората светска војна.
Според проценките на историчарите, околу 27 милиони советски војници и цивили ги загубиле животите во втората светска војна.
На денешната воена парада, низ Црвениот Плоштад продефилираа повеќе од 12 000 припадници на руската армија и повеќе од 190 примероци од современиот воен арсенал на руската федерација, вклучувајќи ги интер-континенталните ракети.
Над небото во Москва прелетаа и 80 авиони од руската воена авијација.
Пред присутните воени ветерани, свое обраќање до нацијата имаше и шефот на руската држава, Владимир Путин, кој е на власт од 1999-тата година, како претседател или премиер на државата.
Денешната прослава се одржува во период на растечки тензии меѓу Русија и западот, пред се` Соединетите американски држави.