Ковид19 Свет Топ вести

Индија секојдневно поставува нови црни рекорди

Индискиот премиер Нарендра Моди е под се поголем притисок да прогласи национален карантин во втората најнаселена држава во светот. Индија вчера за прв пат забележа над 4.000 починати од Ковид-19 во само еден ден, а беа потврдени и 414.188 нови случаи на заболени. Многу медицински екпсперти, опозициски лидери па дури и судии во Врховниот суд побараа воведување рестрикции на национално ниво.

Позитивните случаи ќе започнат да се намалуваат, и ќе има одложување помеѓу тоа намалување, хоспитализацијата и смртноста. Ова веќе започна да се случува во некои места каде имаше високи бројки. Но, како што беше посочено, има и други места ширум државата каде постои голема загриженост и тие веќе беа посочени. Затоа, мора да внимаваме и мораме да се осигуриме дека ги преземаме сите чекори за да спречиме бројките повторно да се искачат на нивоата на кои тешко се контролираат, вели главниот научен советник на индиската влада Виџеј Рагван.

До сега секоја од сојузните држави сама одлучуваше дали, и какви рекстрикции ќе воведе. Последната која прогласи карантин беше јужната држава Карнатака, во која се наоѓа третиот најнаселен град во Индија, Бенгалор. Само во градот во моментов има над 300.000 активни случаи, а експертите предупредуваат дека најлошото допрва доаѓа.

До одреден степен е неуспех. Вакцинацијата требаше да биде поригорозна, а тоа не се случи. Излгеда има хроничен недостаток на вакцини. Ако ја погледнете табалата надвор, ќе видите дека воопшто нема Коваксин, вели еден жител на Бенгалор.

Бројот на нови случаи во Индија започна вртоглаво да се зголемува во февруари, кратко откако властите ги олабавија меркита, па дури прогласија и победа над пандемијата. Според експертите ситуацијата во земјата излезе од контрола поради нови и до сега непознати варијанти на вирусот, како и одлуката на владата да дозволи одржување на бројни верски фестивали и политички митинзи.

Од почетокот на пандемиајта до сега Индија има повеќе 21 милион заболени и речиси 240.000 починати, но експертите предупредуваат дека вистинските бројки се уште подраматични.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Фон дер Лајен, Макрон и Мерц: Построги санкции ако Русија одбие примирје

Дејан Дејан

Илјадници Романци на проевропски протест пред вториот круг од претседателските избори

Дејан Дејан

Бомбашки напад во Судан: Загинаа 14 членови на едно семејство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе