Вести Свет Топ вести

Јапонија со рекорден број на тешко болни од Ковид-19

Бројот на луѓе во Јапонија кои се во сериозна здравствена состојба откако се заразени со коронавирусот достигна 1.131 и е најголем во земјата од почетокот на пандемијата, јави новинската агенција Кјодо.

Последниот ваков антирекорд беше поставен во средата – 1.114 сериозно болни пациенти. Оваа група вклучува луѓе кои имаат потреба од интензивна нега, како и интубирани пациенти со Ковид-19.

Вкупниот број на заразени лица во Јапонија досега надмина 622.000, а повеќе од 10.600 починаа.

Поради забрзаното ширење на коронавирусот во земјата, владата прогласи вонредна состојба во Токио, како и во западните префектури Осака, Кјото и Хјого од 25 април до 11 мај. Се очекува вонредната состојба да биде продолжена до 31 мај.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Фон дер Лајен, Макрон и Мерц: Построги санкции ако Русија одбие примирје

Дејан Дејан

Илјадници Романци на проевропски протест пред вториот круг од претседателските избори

Дејан Дејан

Бомбашки напад во Судан: Загинаа 14 членови на едно семејство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе