Свет Топ вести

Модерна: Трета доза од вакцината штити од бразилската и јужноафриканската варијанта на коронавирусот

Трета доза на постоечката вакцина на Модерна, како и нова верзија што е експериментална, го зајакнува имунитетот против бразилските и јужноафриканските варијанти на коронавирусот, соопшти компанијата.

Податоците се добиени врз основа на истражување во кое учествувале 40 лица. Дополнителна доза на вакцина дадена на волонтери кои претходно примиле две дози на вакцината на Модернa, исто така, го зајакна имунитетот против оригиналната верзија на коронавирусот.

– Ние сме охрабрени од овие нови податоци, што го зајакнува нашето верување дека нашата стратегија за вакцинација треба да обезбеди заштита од нови варијанти на Kовид-19, рече Стефан Бансел, извршен директор на Модерна.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Фон дер Лајен, Макрон и Мерц: Построги санкции ако Русија одбие примирје

Дејан Дејан

Илјадници Романци на проевропски протест пред вториот круг од претседателските избори

Дејан Дејан

Бомбашки напад во Судан: Загинаа 14 членови на едно семејство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе