Германија ќе дозволи вакцината на Астра Зенека против Ковид-19 да се дава на луѓе од сите возрасти, изјави денеска германскиот министер за здравство Јенс Шпан.
Со ова се поништи претходната одлука со која вакцината на Астра Зенека беше дозволена само на постари од 60 години.
„Луѓето веќе нема да треба да чекаат 12 недели за да ја примат втората доза од оваа вкацина, туку може да ја примат четири недели после примањето на првата доза“, рече Шпан.
Тој исто така посочи дека Германија планира до крајот на август да им ја понуди вакцина на деца на возраст од 12 до 18 години, под услов регулаторите да ја одобрат вакцината на Бионтек/Фајзер за таа возрасна група.
Око 8,6% од германската популација е целосно вакцинирана, а 30% имаат примено барем една доза.