Свет Топ вести

Германија ја дозволи вакцината на Астра Зенека за сите возрасти

Германија ќе дозволи вакцината на Астра Зенека против Ковид-19 да се дава на луѓе од сите возрасти, изјави денеска германскиот министер за здравство Јенс Шпан.

Со ова се поништи претходната одлука со која вакцината на Астра Зенека беше дозволена само на постари од 60 години.

„Луѓето веќе нема да треба да чекаат 12 недели за да ја примат втората доза од оваа вкацина, туку може да ја примат четири недели после примањето на  првата доза“, рече Шпан.

Тој исто така посочи дека Германија планира до крајот на август да им ја понуди вакцина на деца на возраст од 12 до 18 години, под услов регулаторите да ја одобрат вакцината на Бионтек/Фајзер за таа возрасна група.

Око 8,6% од германската популација е целосно вакцинирана, а 30% имаат примено барем една доза.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пакистан и Индија се согласија на целосно примирје

Дејан Дејан

Паметен помошник или дигитална опасност?

Дејан Дејан

Убиство со пиштол купен за 1 100 евра, девојка-возач за бегство и многу мистерии дали за штипската престрелка на турски државјани е одговорна дрога, девојка или одмазда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе