Вести Свет Топ вести

Еременскиот премиер поднесе оставка

Ерменскиот премиер, Никол Пашинијан, во телевизиско обраќање денеска изјави дека поднесува оставка за да може во земјата да се одржат предвремени парламентарни избори.

-Денеска ја поднесувам оставката со цел да се одржат предвремени парламентарни избори на 20 јуни, рече Пашинијан, пренесен од руските медиуми.

Пашинијан претходно најави дека предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 20 јуни. Тој, исто така, кажа дека формално оставката ќе ја поднесе во април, со цел да отпочне механизмот за распуштање на парламентот, но дека владата ќе ја предводи до изборите во јуни.

Пашинијан поднесе оставка по неколку месечните протести и повици од опозицијата да ја напушти функцијата, откако повеќе од 3.600 ерменски војници загинаа во 44-дневната војна со Азербеџан, по што Пашинијан беше приморан да потпише мировен договор, и да отстапи голем дел ерменска територија од областа Нагорно-Карабах.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе