Големата излезност на изборите во Албанија од 48% предвидуваат тесна трка за новата влада. Првите излезни анкети предвидуваат поддршка за актуерлниот премиер Еди Рама, освојува 46,9% од гласовите и со тоа го освојува третиот мандат. Веднаш зад него е секако опозиционерот, лидер на демократската партија Љуљзим Баша, кој би освоил 43,5% од гласовите. Движењето за социјалистичка интеграција на претседателот Илир Мета освојува речиси 7% од гласовите. Од потребните 71 пратеници, Еди Рама би освоил од 67 до 71, партијата на Баша од 61 до 65 мандати, и движењето ЛСИ на Илир мета шест до осум пратеника.
Но, од Централната изборна комисија повикаа на смиреност, партиите да не манипулираат со изборните резултати, кои од ЦИК ќе ги соопшатат за 48 часа.
Се надевам дека политичкото раководство има свест да разбере дека треба многу смиреност во моментов, потребна е мирна атмосфера за луѓето кои ги бројат гласовите. ЦИК презеде мерки за завршување на процесот во рок од 48 часа за партиите и коалициите и потоа ќе го кажеме резултатот на кандидатите, изјави претседателот на ЦИК, Илиријан Целибаши.
Со мали инциденти изборниот ден мина мирно, заклучија од Централната изборна комисија. Од таму велат дека проблеми се појавија со електронското гласање кое беше пилот проект, а проблемот со хакерскиот упад на интернет страната на ЦИК е брзо надминат.
Граѓаните денеска имаа можност да кажат да или не за Рама. Предизборната кампања беше жестока, со меѓусебни обвинувања од страна на опозициоенрот Баша, кој во 2019-та излезе од парламентот и го остави Рама сам да владее. Опозицијата го поврзува Рама со организираниот криминал и корупцијата во земјата, зголемен јавен долг и неможноста да ја врати земјата на патот на ЕУ интеграцијата. За ова, малку се говореше но Албанија е во сериозен ќор сокак. рекордер е по одлив на мозоци. Во 2005-та беше прва во спроведување на реформите, но сега е претекната од другите земји од регионот. И покрај се, речиси 97% од Албанците сакаат влез во ЕУ, со што земјата е најпроевропски насочена од сите држави на Западен Балкан.
Алиса Шутиноска