Вести Македонија Топ вести

Се чекаат насоки за вакцинација со 10-те илјади фејзерови вакцини

Се распределуваат  10-те илјади Фајзер вакцини по здравствените домови. Земјава има направено нарачки на над 2 милиони вакцини, , доколку за тоа се укаже потреба, вакцини ќе може да се набават од Институтот за вирологија, вакцини и серуми „Торлак“ од Србија. Пунктовите се подготвени но дали ќе се вакцинира за време на претстојните празници е неизвесно. Националиот кооридантивен штаб навремено ќе информира дали ќе има вакцинација во време на празниците,  се вели во дописот.

Ние ги чекаме насоките на министерството, ние сме подготвени и како ќе дава насоки Министерството за здравство така активно ќе се вклучиме и сега сме вклучени во процесот на имунизација. Вие знаете дека работевме и за време на викендите, се надевам и за време на празниците за оние кои доаќаат за ревакцина ќе бидат ревакцинирани точно на време и во трите поликлиники пунктовите работат, изјави директорот на здравствен дом скопје, д-р виктор исјановски.

Со подготовки на теренот за поставување и опремување на спортската сала на средното медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“ Битола се подготвува да биде регионален центар за масовно вакцинирање. Се очекува деновиве да започне со функционирање, по конструкција на параваните и набавката на компјутерска техника .

Кога ќе започне имунизацијата не зависи само од нас, зависи и од тоа како ќе биде организиран медицинскиот персонал, но многу масовно ќе ја имаме имунизацијата и во нашиот регион. До сега имунизацијата ја вршеше само здравствениот дом  во Битола каде се имунизираа над 1000 граѓани, вели градоначалничката петровска.

Забележителен е падот на новозаразени, вели Петровска, се намалува притисокот во болницата.

Во тек е подготовка на спортската сала Билјанини Извори во Охрид каде наскоро ќе започне масовна имунизација на жителите од овој регион. Во салата се подготвуваат 28 вакцинални пунктови, на кои дневно е во план да се вакцинираат над 1500 граѓани.

Во одредени пунктови граѓаните забележуваат дека се создаваат турканици, па се поставува прашањето дали е потребна реорганизација и дисперзирање на повеќе локации ?

Досега, заклучно со 18 април вакцинирани се 7020 здравствени работници со прва и 6.750 со втора доза на вакцина против КОВИД-19. На 31 март со почетокот на вакцинацијата на населението за лицата над 73 години вакцинирани се 13 575 лица. На 5 април, пак, почна масовната вакцинација во вакцинален пункт во салата „Борис Трајковски“, каде се вакцинирани вкупно 18 376 лица. Бројот на лица заинтересирани за вакцинација во овој момент е 188,562. Податоците секојдневно се ажурираат на, велат од надлежното Министерство.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп и Путин согласни за крај на војната во Украина

Дејан Дејан

Тахири: Ова е политички момент кој Таравари ќе сака да го употреби за да го оправда неговото политичко дејстувување

Дејан Дејан

Tелефонскиот разговор меѓу Путин и Трамп траел два часа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе