Рускиот претседател Владимир Путин ги предупреди западните земји да не ја преминуваат “црвената линија” во односите со Русија, оценувајќи дека таквата постапка би предизвикала “асиметричен, брз и остар” одговор.
Предупредувањето на Путин беше дел од неговото редовно обраќање до нацијата и во период кога се засилуваат тензиите со Западот околу Украина и затворениот опозициски лидер Алексеј Навални.
Минатата недела американската влада го обвини Кремљ за “штетни активности” и протера 10 руски дипломати по што следуваше пропорционална реакција на руската страна.
Слични тензични протерувања на дипломати имаше и меѓу Русија и Чешката република и Полска.