Вести Македонија Топ вести

Обвинение за сопственичката на „Диамед“ за лиценцата за дијализа

Со обвинение против сопственичката на ДИЈАМЕД, Вера Иванова заврши истрагата за лиценцата со која единствено оваа компанија го доби монополот за дијализа.

Таа е обвинета дека како управител на трговското друштво Метрополитен во 2013 та година го добила тендерот за дијализа од Министерството за здравство. Но според обвинителството целта не било да ја извршува здравствената дејност 20 години на колку што е дадена лиценцата, туку само да профитира. Oбвинителството тоа го правда бидејќи фирмата метрополитен станала основач на ПЗУ  дијамед и во февруари 2014 та  го склучила договорот за дијализа со министерството.

Една година подоцна Иванова со цел да го продаде јавниот монопол во здравството, започнала преговори со странско правно лице  шведската компанија Дијаверум за да ги продаде удели во МЕТРОПОЛИТЕН. За  да ја избегне обврската за добивање согласност од Министерството уделот го пренела на МЕТРОПОЛИТЕН и покрај тоа што  Диамед бил носител на лиценцата. Со ова Министерството не можело да утврди дали шведската компанија ги исполнува истите тендерски услови. Вредноста на уделот од 3 700 евра пораснала на 11.560.000 евра за колку и го продала на шведската фирма со која во 2018 та го потпишала договорот за дијализа. Парите ги пуштила во оптек и тоа  износ од 3.200.000 евра, на нејзина сметка во земјава и  8.300.000 евра, на сметка во банка во Монако. Сега се гони за Злоупотреба на службената положба и перење пари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тахири: Ова е политички момент кој Таравари ќе сака да го употреби за да го оправда неговото политичко дејстувување

Дејан Дејан

Tелефонскиот разговор меѓу Путин и Трамп траел два часа

Дејан Дејан

Во Македонија најмногу се конзумира канабис – најчеста причина е намалување на стресот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе